Ацо Аџи Илов бб,
1440 Неготино

Напишано од Super User

     Основната дејност на установата моментно се остварува преку организациската структура од три основни организациони единици организаирани на ниво на Служби согласно Законот за социјалната заштита, Законот за вработените во јавен сектор и Колективниот договор за социјална заштита на следниот начин:

  • Директор
  • Служби
  • Оддели

 1. Служба за административни и помошно-технички работи

     1.1 Оддел за админстративни работи

     1.2 Оддел за помошно-технички работи

 2. Служба за права на парична помош 

     2.1 Оддел за права на парична помош за подрачјето на општина Демир Капија

3. Служба за услуги од социјалната заштита

     3.1 Оддел – Советувалиште 

     3.2 Оддел – Дневен центар за стари и возрасни лица

 Службите  се надлежни за:

  • обезбедување на сите административни и помошно-технички работи потребни за квалитетно извршување на работите во Установата;
  • превзема мерки за заштита на стандардот и социјалната сигурност на граѓаните кои немаат средства за егзистенција, а се изложени на социјални ризици;
  • превенција од социјални ризици, се обезбедува стручна работа и се спроведува социјална заштита за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствена заштита.

     Преку службата корисниците на социјална заштита остваруваат право на социјални услуги, што опфаќа воочување на проблемот кој произлегува од состојбата на социјален ризик, укажување на корисникот на можните решенија, услуги и средства за негова заштита, како и примена на форми на стручна, советодавна или советувалишна работа.

     Вработените во Центарот претставуваат административни јавни службеници и даватели на услуги со висока, виша и средна стручна спрема чија одговорност, квалификации и критериуми за избор е дефинирана во Правилникот за систематизација и организација на работни места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино.

Напишано од Super User

 

     ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино е Јавна Установа со јавни овластувања заради вршење на дејности од областа на социјалната заштита и социјалната работа како и за извршување други работи утврдени со Закон. Во правниот промет со трети лица Установата настапува во свое име и за своја сметка.

    Во однос на делокругот на работа, ЈУ МЦСР Неготино влегува во рамките на секторот за социјална заштита при Министерството за труд и социјална работа (МТСП). Согласно законската регулатива, центарот за социјална работи функционира како стручна установа со јавни овластувања заради вршење работи од социјалната заштита.

     Како јавни овластувања, центарот за социјална работа ги врши следните работи: 

  • решава за правата од социјална заштита
  • решава за работите утврдени со семејно-правните прописи
  • постапува по работите утврдени со кривично-правните прописи
  • врши други работи утврдено со закон

     При спроведување на социјалната заштита и стручната работа, центарот:

  • открива, следи и проучува социјални појави и проблеми
  • применува и спроведува соодветни облици на социјална заштита и непосредно помага на граѓанин, семејство или група на население
  • ја развива превентивната работа
  • развива и спроведува вонинституционални облици на социјална заштита
  • поттикнува, организира и координира волонтерски на граѓани, нивни здруженија, хуманитарни организации, организации во спроведување на програми за социјална заштита
  • врши и други работи утврдени со закон